Петар Печков
Објавено: среда, 10 октомври 2007
Велешани се гордеат со споменикот Коњаник, лоциран во центарот на градот, прв таков паметник во Македонија. Познато е дека него го изработи младиот велешки автор, скулпторот Ангел Коруновски, но колку велешани знаат за тројцата Илинденци, на кој тој им е подигнат Јован Наумов Алабакот, Андреја Димов Докурчев и Тодор Христов Офицерчето.
Во нивна чест неодамна се одржа трибина, на која зборуваше крушевчанецот Кочо Топузовски, публицист и историчар. Еве накратко важни моменти од биографијата на тројцата војводи кои случајно се родени во иста година 1878 а сите загинуваат во октомври, но во различен период. Тие заедно се маркантни личности на Крушевската република, рече публицистот и историчар, Кочо Топузовски.
- Овие тројца војводи се слободоумни сонувачи за Македонската држава, во чии темели се положени нивните животи. Тие се оддадоа и до смрт се бореа за македонската кауза и се пример за патриоти - изјави Карпузовски.
Дали знаевте, дека доколку предните нозе на споменикот Коњаник се дигнати, тоа значи дека тие загинале во борба? Така е секаде во светот, па и кај нас.

- Јован Наумов Алабакот, роден во село Ораовец тој со неговата чета 16 часа ја напаѓа и води борба да ја освои турската касарна во Крушево, каде се 60-тина аскери. Тој е учесник на легендарната борбата кај Ножот во 1907. Загинува на 4-ти октомври 1907-та во кичевското село Белица. Неговиот гроб денес е во родното село, во дворот на црквата.
- Андреја Димов Докурчев пак бил предводник на освојувањето на Полициската станица во Илинденското востание и учесник во аферата Мис Стон, при грабнувањето на американскта мисионерка. Загинува на 23 октомври 1907.
- Тодор Христов Офицерчето е воен стратег на Илинденското востание, образуван и школуван во Софија, бидејќи е единствен воено школуван кадар, по чии нацрт е создадено Црешовото топче а тој и прв пукал од него и е учесник и на битката кај Слива. Загинува на 4-ти октовмри 1903.

Tweet |